„Јавна соба“ повторно активна – на Телеграм се споделуваат експлицитни фотографии и телефонски броеви од девојчиња од Македонија

Од:

Точно една година по обелоденувањето на скандалот „Јавна соба“ – случај каде на социјалната мрежа Телеграм илјадници членови споделуваа експлицитни фотографии од девојки од Македонија, вклучително и на малолетнички, повторно е во центарот на вниманието.

Очигледно дека реакциите на МВР и на Јавното обвинителство од каде тогаш децидно изјавуваа дека ќе го решат случајот, не вродија плод.

„Јавна соба“ повторно е активна. И тоа не една група, туку повеќе. Во овие групи на Телеграм членуваат и по над 5 илјади членови – речиси сите користат прекари, а нивните телефонски броеви не можат да се видат. Дел од членовите користат имиња на министри и бизнисмени, но невозможно е да се утврди дали истите се автентични доколку ги немате во својот именик.

Она што може да се види се ликовите на девојките чии фотографии се споделуваат. Дел од нив фотографиите ги споделувале со нивните партнери, дел на социјалната мрежа Инстаграм, но сепак, клучното е дека тие не дале согласност нивните имиња, презимиња, ликови, па дури и телефонски броеви да бидат споделувани со илјадници други луѓе.

Аферата „Јавна соба“ ја отвори „А1он“ минатата година, во јануари. Тогаш стапивме во контакт и со креаторот на групата, кој изјавуваше дека немал намера групата да се претвори во размена на порнографски материјали, туку случајот сам излегол од контрола. Тој неколку дена подоцна самиот се пријави во полициска станица. Против него беше поднесена кривична пријава, а тогашниот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев изјави дека имаат релевантни сознанија за лицата кои членувале во групата и разменувале фотографии.

Во февруари лани, пак, беше обелоденето дека социјалната мрежа „Телеграм“ не дава информации за членовите на порнографската група „Јавна соба“, а техничкиот министер Чулев изјави дека седиштето на „Телеграм“ во Лондон ја затворило групата и ја прекинало понатамошната соработка.

Би можело да ве интересира

Фолтин во Јавна соба на „Светско, а наше“

Предраг Петровиќ

Врховниот ги одби барањата за преиспитување на пресудата за „Јавна соба“

Катерина Ѓуровски

Рускиот регулатор ги казни ТикТок, Телеграм, Зум, Дискорд и Пинтерест

Суспендиран британски пратеник обвинет за гледање порнографија во Парламентот

А1он

Делегацијата на ЕУ во Русија отвори налози на Телеграм и на Вконтакте

А1он

Телеграм го надмина Вотс ап според бројот на корисници во Русија

А1он