МВР започнува кампања „Среќна и безбедна 2017 година – во семејно и пријателско дружење“

Од:

Одделението за превенција при СВР Скопје утре со почеток во 12.00 часот, на платото кај ТЦ Бисер во нас. Аеродром, во соработка со Општина Аеродром, Црвениот крст на Град Скопје и ученици од основните училишта во оваа општина, ќе започне со превентивни активности во рамки на старот на кампањата – „Среќна и безбедна 2018 година – во семејно и пријателско дружење“.

Основна цел на кампањата е подигање на свеста кај граѓаните, особено кај малолетната популација за опасноста од употребата на петарди и други пиротехнички средства, намалување на бројот на повредите од нивната употреба, како и преземање на низа превентивни активности насочени кон одржување и подигнување на општото ниво на безбедност.

Од основните училишта ќе бидат изработени графити и пораки на тема “ПЕТАРДИТЕ НЕ СЕ ИГРАЧКИ”, цртежи кој ќе бидат изложени пред платото на ТЦ Бисер.

Во вториот дел од кампањата со цел подигање на свеста на граѓаните – посетители на ТЦ Бисер, во соработка со Црвен крст на Град Скопје преку симулација на здобиени повреди од петарди ќе реализираат и показна вежба за давање на помош при повреди предизвикани од злоупотреба на пиротехнички средства.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби