МВР: За три пати намален бројот на жртви во сообраќајки во август

Од:

Бројот на жртви на сообраќајниците во август 2021 е три пати помал од бројот на жртви во август 2020, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Во август оваа година, како што соопшти, имаме шест жртви во сообраќајните незгоди, а во август минатата година имало 19.

– Ова е сериозно намалување, но ние продолжуваме со интензивните активности за овие бројки да се намалуваат и натаму и ги повикувам и оние граѓани кои до сега не ги почитуваа правилата да ни се приклучат и сите заеднички да обезбедиме безбедни патишта. 2020 беше најбезбедна година според бројот на жртви на патиштата, но првите осум месеци од 2021 покажуваат дека оваа година е со најмал број на жртви на патиштата, рече Ангеловски.

За дополнително намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди, додаде, МВР продолжува со засилени контроли за санкционирање на учесниците во сообраќајот кои не ги почитуваат законите.

– Во текот на вчерашниот ден санкционирани се 518 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената, од кои седум се движеле со брзина од над 70 километри на час над дозволената брзина, а 56 со брзина над 50 километри на час над дозволената брзина. Синоќа санкционирани се и 86 пијани возачи. Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, рече Ангеловски.

Се заблагодари на мнозинството граѓани кои се приклучиле во напорите да обезбедат што е можно побезбедни патишта, како и на полициските службеници, кои на температури над 40 степени секојдневно даваа придонес за побезбедни патишта. Благодарност упати и до РСБСП, со кој заеднички ги организирале превентивните активности.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он