МВР: Во Диво Насеље изгубивме осум херои, oвој противдржавен чин не смее никогаш да се повтори!

Од:

Министерството за внатрешни работи, на тригодишнината од настаните во кумановско Диво насеље кога загинаа осуммина полицајци, соопшти дека институциите во земјата ќе ја осигураат правдата и дека одговорност за овие настани мора да има.

– На денешен ден, бележиме три години од еден од најтрагичните настани кои оваа земја ги памети. Во Диво Насеље во Куманово, изгубивме осум човечки животи, осуммина припадници на полицијата. Овој нечовечки и противдржавен чин не смее никогаш да се повтори, се наведува во соопштението од МВР.

Припадниците на полицијата, како што се потенцира, се тука да ги штитат граѓаните и уставниот поредок на државата и не смеат никогаш да бидат жртви на никакви поинакви интереси.

– Овие осум херои ги жртвуваа сопствените животи за да ги заштитат граѓаните, жртва за која треба сите да се вложиме и да работиме вредно, за веќе никогаш да не ни се случи. Нашето заедничко, едно општество за сите е гарант на мирот и соживотот. Граѓаните секогаш ќе ја паметат нивната храброст, а иституциите во Република Македонија ќе ја осигураат правдата, како должност и кон нивните семејства и кон населението. Одговорните за настаните во Диво Насеље ќе се соочат со одговорноста. Граѓаните на Република Македонија секогаш ќе се сеќаваат на херојството на овие бранители, се посочува во соопштението.

Во Диво Насеље животите ги изгубија: Жарко Кузмановски (р. 1981), од с. Брвеница, Тетово, Ненад Серафимовски (р. 1987), од с. Зубовце, Гостивар, Сашо Самојловски (р. 1982), од с. Брвеница, Тетово, Бобан Ивановиќ (р. 1968), од с. Стајковци, Скопје, Горан Илијевски (р. 1974), од Гостивар, Исамедин Османи (р. 1983), од с. Студеничани, Скопје, Љубиша Аранѓеловиќ (р. 1966), од Скопје и Горан Стојменовиќ (р. 1970), од Миладиновци, Скопје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Како работела лихварската банда – наплаќале огромни камати, одземале имот и живееле луксузно

Катерина Ѓуровски

Фатен бегалец од штипскиот затвор осуден за убиство

Полициска акција во Скопје, се прават претреси поради лихварство и перење пари

Катерина Ѓуровски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“

МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера

Горан Наумовски

МВР со дронови ќе го надлегува гласањето в недела