МВР вчера откри 53 мигранти во обид да заминат кон Србија

Од:

Во три одвоени случаеви на исто толку локации во земјава, полицијата открила 53 мигранти кои сакале илегално да ја минат Македонија и да заминат во Србија.

На 10.08.2022 околу 4.35 часот на автопатот „Пријателство“ во близина кај клучка Неготино, полициски службеници од Полициска станица Михајлово, Регионалниот центар за гранични работи Југ и од Полициска станица Неготино во две патнички возила „ауди“, едното со кавадаречки, другото со скопски регистарски ознаки, кои претходно не застанале на дадена наредба за запирање, пронашле 16 лица мигранти, кои се префрлени во Прифатно-транзитен центар Гевгелија.

Дента околу 8 часот во близина на мотел на подрачјето на Кавадарци, полициски службеници од Полициска станица Михајлово пронашле паркирано патничко возило „ауди 6“, со скопски регистарски ознаки и седум лица-мигранти од Пакистан.

Вечрта пак на пат за село Калково, валандовско, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Валандово пронашле 30 лица мигранти од Пакистан. Тие биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод