МВР продолжува со потрерата по двајцата обвинети за несовесно работење во Македонски пошти, изјави министерката Јанкуловска.
Jанкуловска побара вработените во овие институции да внимаваат на својата работа.
„МВР обезбеди докази за 10 лица, и заради тоа кривичната пријава ги опфаќа овие 10 лица. Секогаш кога станува збор за кривично дело ние одговрноста ја бараме кај оние кои требало да ја обезбедат условите тоа да не се случи и се разбира кај директните извршители“, рече министерката