МВР: т.н. команданти Нато и Бегу меѓу загинатите терористи во Куманово

Од:

Обдукцијата на телата на загинатите терористи потврдила дека меѓу нив се и Мирсад Ндрецај од Косово т.н. командант НАТО и Бег Ризај од Косово познат како командантт Бегу, соопштија денеска од МВР.

Од починатите потврден е и идентитетот на Нусрет Каљоши роден 18 април 1975 македонски државјанин. Освен нив преку ИНТЕРПОЛ потврден е и идентитетот на Сами Укшини 10.10.1967 од Косово познат како Командант Соколи, кој и се предаде на полицијата.

– По завршување на обдукцијата на починатите членови на терористичката група МВР преку Одделот за меѓународна полициска соработка односно Бирото на ИНТЕРПОЛ-Скопје отпочна со процедурата на потврдување на идентитетот на лицата. Досега позитивно е потвден идентитетот на Мирсад Ндрецај роден 17.06.1979 од Косово таканаречен командант НАТО за кој постоеја сомненија дека е еден од лидерите на терористичката група. Пристигна позитивна потврда и на идентитетот на Бег Ризај роден 25.12.1977 од Косово познат како командатнт Бегу. Од починатите потврден и идентитетот на Нусрет Каљоши роден 18.04.1975 македонски државјанин, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму информираат дека продолжува процесот на идентификација и на останатите лица.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби