МВР: Стабилна безбедносната состојба во Дебар и Центар Жупа

Од:

Во Дебар и Центар Жупа, безбедносната состојба во изминатото деноноќие беше стабилна, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Оттаму посочија дека во текот на ноќта, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир, нема кражби или други имотни деликти. Полициски службеници, согласно оперативниот план, вршеле обиколка и контрола на угостителски и други јавни објекти во двете општини и приградските населби (маркети, ноќни клубови, фитнес салони, обложувалници), со цел доследно спроведување на мерките за спречување на внесување, ширење и за сузбивање на коронавирусот, што ги презема Владата.

– На терен, со несмален интензитет се спроведуваат мерките за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа. Влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено оневозможен е, односно строго е забранет излез на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини. Без проблеми се одвива дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини, информира МВР.

Тие апелираат до граѓаните на Дебар и Центар Жупа, но и до граѓаните на општините Струга, Охрид и Кичево, строго да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот Ковид-19, а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници.

Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, додаваат во соопштението, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава