МВР: Исмаиловиќ не побегна, соопштението од ВМРО-ДПМНЕ е целосна лага

Од:

Со денешното соопштение партијата ВМРО-ДПМНЕ покажува класичен политички дилетентизам и незнаење. Трагично е што или не знаат што зборуваат или свесно ги лажат граѓаните. Вистината е сосема спротивна – стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи кое е реакција на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Агим Исмаиловиќ.

„Откако МВР е известена од судот дека лицето А.И. го нема во судот, каде во тек било рочиште, МВР експресно го пронајде и спроведе за издржување на мерка притвор. Тоа се вели ефикасност и законско постапување согласно надлежностите. А.И. не му избегал на МВР, а соопштението на ВМРО-ДПМНЕ е целосна лага. МВР е стожерот во борбата против незаконското постапување на било кој поединец, без разлика колку тоа на ВМРО-ДПМНЕ не им се допаѓа, правда мора да има“ – стои во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он