МВР со кривична за Заев за насилство, шпионажа и недемократско преземање на власта

Од:

МВР поднесе кривична против лидерот на СДСМ Зоран Заев за насилство спрема претставник на највисоките државни органи, како и за шпионажа и уривање на уставниот поредок.

Според досега прибавените докази во рамки на оперативната акција „Пуч“ поранешниот директор на ДБК, Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња Верушевска, функционер во локалната самоуправа во Струмица, Бранко Палифров и лидерот на СДСМ, Заев, се осомничени дека преку употреба на незаконски средства на следење и шпиунирање со упатување на сериозни закани кон високи државни функционери сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги.

Според МВР сузбиен е обид за загрозување на уставниот поредок и недемократско преземање на власта односно суспендирање на волјата на граѓаните.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев  остварил повеќе лични средби и телефонски комуникации со Претседателот на Владата на Република МакедонијаНикола Груевски , на 28.09.2014 година, на 09.10.2014, на 31.10.2014 и на 17.11.2014 година, пишува во соопштението на МВР.

„На средбите и комуникациите Заев на Претседателот на Владата на Република Македонија, јасно и децидно му упатил сериозни закани дека поседува докази од компромитирачки карактер за носители на високи јавни, службени и државнички функции во Република Македонија. Заканата ја конкретизирал со тоа што од него како Претседател на Владата на Република Македонија и на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, побарал да ги прифати неговите барања за формирање на „Техничка Влада“, а потоа да се распишаат предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија. За возврат пријавениот ветувал дека нема јавно да ги објави податоците“, соопштуваат од МВР.

После применетите посебни истражни мерки, на 22 јануари извршен е и претрес кај Верушевски и се најдени 2 пиштоли, 4 компјутери и 6 мобилни. Од анализата на содржината во компјутерите пронајдени се илјадници документи кои покажуваат дека се сторени кривичните дела. Меѓу доказите најдени се и снимки од разговори на лица од политиката и јавниот живот. Станува збор за обемна содржина од преку милион фајлови.

Одземен бил и компјутер од Стопанска банка каде работела сопругата на Верушевски. Исто така осомничен е Бранко Палифров вработен во Општина Струмица. Денеска извршен е и претрес на неовото работно место при што се одземени 4 компјутери.Целата група ќе одговара за насилство кон државни органи, загрозување на уставени поредок и демократски институции, дело кое прв пат се открива во Македонија.

Зоран Верушевски е уапсен пред неколку дена, а сега приведена е и неговата сопруга Соња како и Бранко Палифров од општина Струмица.

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он