Тодор Петров нападнат од Бекир Асани во Казабланка

Од:

Тодор Петров бил нападнат во угостителскиот објект Казабланка од Бекир Асани од ДУИ кој бил со група од пет шест лица. Од МВР соопштија дека се работи на расветлување на настанот, а во соработка со Јавното обвинителство се утврдуваат инволвираните лица во инцидентот.

– Во врска со настанот кој е пријавен денеска во 12,30 часот дека лицето Т.П. е физички нападнато во угостителскиот објект „Казабланка“ во Скопје, од страна на неколку лица и е префрлено во Ургентен центар, од страна на СВР Скопје е постапено по пријавата, преземени се мерки и активности, по што од извршениот разговор со повредениот добиени се првични информации дека околу 12,30 часот дошол во угостителскиот објект заедно со уште две лица со намера да ручаат.

Но, кратко по доаѓањето, според тврдењето на Т.П., пет-шест лица, меѓу кои и лицето Б.А., а кои претходно биле во угостителскиот објект, најпрво почнале да го навредуваат и да му се закануваат во врска со претходно одржан јавен собир во населбата Бутел и физички го нападнале. Но, потоа, според тврдењето на Т.П., во објектот влегло лицето И.М. кое им се обратило на напаѓачите, по што се разотишле. Повредениот Т.П. со брза помош е префрлен во Ургентен центар, каде што му биле констатирани телесни повреди и е задржан на лекување, се наведува во соопштението на МВР.

Петров е задржан на лекување на скопската клиника откако му биле констатирани телесни повреди и потрес на мозокот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР