МВР се огласи за експлозијата

Од:

МВР преку соопштение потврди дека вечерва околу 21 часот е слушната детонација во близина на Владата во правец на споменикот 13 Ноември.

Веднаш на терен излегле Екипи од Одделот за антитероризам и деминирање.

Од МВР велат дека по извршениот увид е пронајдено местото на експлозијата, која се случила на оддалеченост од 5 до 10 метри од зградата на Владата.

Како што соопштија, од експлозијата не е причинета никаква штета. Од местото на настанот се подигнати остатоци за вештачење.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена