МВР санкционираше 561 возач за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 561 возач, соопштија МВР.

– Од нив, 46 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 233 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 328 надвор од населено место, информираат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, додават од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава