МВР: Расчистени два случаја за лица кои се фотографирале со оружје за локалните избори

Од:

МВР расчисти два случаја на лица кои за време на Локалните избори 2017 година биле фотографирани со оружје.

Како што се наведува во соопштението од МВР, по добиена информација од медиумите за лица кои наводно пукале и се фотографирале со оружје за време на Локалните избори 2017 година, од страна на Единицата за недозволена трговија при Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности за утврдување на веродостојноста на информациите.

– Врз основа на Наредба од Основен суд Скопје 1 – Скопје бил извршен претрес на дом и други простории кај лицето С.А. (32) од с.Арачиново, скопско. При претресот, не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело. Исто така, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес на дом и други просториии и кај лицето В.Г. (26) од Скопје. И кај ова лице не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело, соопшти МВР.

Лицата биле лишени од слобода и во Полициската станица Гази Баба со нив биле извршени разговори, биле направени службени белешки, по што биле ослободени.

За настанот писмено бил известен Јавен обвинител, наведуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ