МВР продолжува со акцијата за спречување на диви трки на мотоциклисти во Скопје

Од:

Министерството за внатрешни работи, продолжува со спроведување контроли за спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти во Скопје. Така и вчера вечер (07.06.) поточно во периодот од 20,00 до 01,00 часот денес, од страна на Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје беше спроведена акциска контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје односно на булеварот “Партизански Одреди” и улицата “Христијан Тодоровски Карпош” со цел откривање и санкционирање на возачите кои организираат и учествуваат во диви трки.
Од извршените контроли, преземени се 135 мерки за сторени сообраќајни прекршоци, при што издадени се 77 мандатни платни налози и 58 прекршочни налози за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообараќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи.

Исто така од страна на полициски службеници привремно се задржани два моторцикли, поради сомнение на вградување на одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се разликува од основно вградените-издувни системи по чл.53 од Законот за возила. Едно лице е приведено поради сомнение за сторено кривично дело.

Секторот за внатрешни работи Скопје ќе продолжи со спроведување редовни контроли за спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти во Скопје.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он