МВР: Приведените министри од 2006 до 2016 година го оштетиле буџетот за 1,48 милиона евра

Од:

Полицијата поднесе кривична пријава за „злоупотреба на службената положба и овластување” и ги лиши од слобода М.Ц. (64), Љ.Д. (59), А.С. (49) и Х.Д. (44), поради постоење основано сомнение дека во својство на министри и во својство на заменик министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во периодот од 2006 до 2016 година го оштетиле буџетот на РМ во вкупен износ од 88.467.607 денари или 1.483.497 евра.

– Според документираните сознанија од повеќемесечната истрага на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, а во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, пријавените иако, во својство на високи државни функционери, имале обврска согласно законите да организираат и да обезбедат законито и ефикасно вршење на работите и задачите во Министерството, со цел да обезбедат заштита на интересите на Република Македонија, таквите дејствија не ги сториле, информираат од МВР.

Првопријавениот М.Ц., во периодот од јуни 2014 до мај 2017 година, кога бил на функцијатата министер во МЗШВ, со неизвршување на својата службена должност, по однос на спорните договори за закуп не вршел контрола за неплатена закупнина, не ги раскинал договорите за закуп за кои не била платена закупнината и не поднел тужба за наплата на долгот по договорите по кои обврските не биле подмирени од страна на закупците. Притоа, за сметка на трети лица, го оштетил буџетот во износ од 35.202.553 денари или 572.399 евра.

Според МВР, пријавениот Љ.Д., кој во периодот од јули 2009 до јуни 2014 година, бил министер во МЗШВ, на истиот незаконит начин на работење на штета на буџетот овозможил на трети лица да се стекнат со противправна имотна корист во износ од 19.846.530 денари или 322.708 евра.

Третопријавениот А.С., во периодот од август 2006 до јули 2009 година, кога бил на функцијата министер во МЗШВ, со неизвршување на својата службена должност за сметка на трети лица нанел штета на буџетот во износ од 2.010.112 денари или 32.685 евра.

Четвртопријавениот Х.Д., во својство на заменик министер во МЗШВ, ја злоупотребил службената положба и овластување склучил анекси на договори за закуп, кои МЗШВ ги има склучено со две правни лица, овозможувајќи им отплаќање на обврските за закуп дури четири години по склучувањето на договорот во првиот и три и пол години во вториот случај. На овој начин, Х.Д. ја злоупотребил службената положба и овластувања и за сметка на стекнување на противправна имотна корист на трети лица, а на буџетот му нанел штета во вкупен износ од 31.408.412 денари или 510.706 евра, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он