МВР: Престрелката на Матка се случила поради движењето на чамците спрема пештерата

Од:

Од Министерството за внатрешни работи излегоа со првични информации околу инцидентот што попладнево се случи на Матка, кога настана тепачка меѓу две групи лица, а се пукаше и со огнено оружје.

„Во 14,54 часот во Скопје -кањон Матка, Мерван Сулејмани со уште неколку лица физички ги нападнале Амет Саит и Амет Садик при што употребиле и огнено оружје. Сите учесници се возачи на чамци за туристи. Расправијата настанала во врска движењето на чамците во правец према Пештерата. Повредени нема“, велат извори од МВР за „А1он“.

Инаку, Мерван Сулејмани е внукот на реисот на ИВЗ, Сулејман Реџепи.

Од МВР се уште не потврдуваат дали се приведени напаѓачите.

Би можело да ве интересира

Спречена трагедија во Нови Пазар: Нарача убиство од затвор, егзекуцијата e спречена во последен момент

ВИДЕО: Масовна пукотница на парада во Луизијана: Mногу повредени, потрагата е во тек

Пет лица се повредени во пукотница во Берлин

Пукање во Чешка: Двајца убиени, четворица ранети во градот Хрибска

Пукање во Будва, убиен е член на Шкаљарскиот клан

Горан Наумовски

Седум полицајци повредени во антитерористичка операција во Турција