МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Од:

55 годишна е жената која претпладнево падна од тераса во ГТЦ. Случајот го потврди и МВР.

– Денеска (14.11.2023) околу 10.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека 55 годишна жена паднала од висина во ГТЦ. Лицето е пренесено во Ургентен центар „Мајка Тереза“, велат од МВР.

Се уште не е сигурно дали се работи за обид за самоубиство или за случаен пад. Според она што го велат очевидци жената стоела на работ и изгледало како да се премислува, но во еден момент паднала од терасата. Момче кое било во близина се обидело да ја фати пред да падне, но не успеало.

Настанот се случил во ГТЦ, пред влезот во трговскиот од страната на Плоштадот Македонија.

Жената еднаш била однесена во Ургентен центар „Мајка Тереза“. Засега нема информации за какви повреди се работи и дали тие се живото загрозувачки.

 

Би можело да ве интересира

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

Српското МВР предупредува на нова лесно уверлива измама на WhatsApp

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

Една година затвор за напад и прегазување на полицаец во Кавадарци

Тошковски: Интервентната полиција често пати беше прва на терен и вистински херој во заштитата на граѓаните

Полицијата бара исчезнато девојче на 13 години