МВР: Полицајци од Хрватска и Србија патролираат заедно со македонските на границата со Грција

Од:

На барањето на Македонија за логистичка и материјална помош за справување со мигарнтската криза упатено до земјите од ЕУ и од регионот засегнати од проблемот со мигрантите досега позитивно одговориле Хрватска и Србија, а се очекува наредната недела тимови да испратат и Унгарија и Словенија, соопшти денеска македонското Министерство за внатрешни работи.

– До денес на нашето барање позитивно се изјаснија неколку држави. Полициски службеници од Република Хрватска веќе патролираат на македонско – грчката граница. Република Србија вчера (28 декември) испрати полициски службеници, додека веќе од наредната недела се очекува да пристигнат и тимови од Унгарија и  Република Словенија. Кон средината на јануари, односно почеток на февруари 2016 година се очекува да пристигнат полициски службеници од Чешката Република, стои во соопштението.

Воедно се посочува дека во тек се преговори и со останатите земји (Австрија, Полска и Словачка) за евентуално испраќање на нивни полициски службеници.

Република Македонија на сите состаноци кои се одржуваа на регионално или европско ниво, апелираше дека ни е потребна  материјала и логистичка помош за соодветно,  рамо до рамо со земјите членки на Европската Унија, активно да се справи со илегалната миграција, како и да понуди хуманитарна помош на бегалците.

Во таа насока, Управувачкиот комитет за координација и управување донесе одлука да се испратат официјални писма – барања  за испраќање на полициски службеници од поголем број на европски земји кои директно или индиректно се засегнати од миграциската криза. Целта на оваа одлука беше македонските и странските полициски службеници да патролираат заедно на  границата со Грција, како и да помогнат на нашите полициски службеници во спроведувањето на секојдневните работни активности.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто