МВР: Полицаец од Битола ја истепал невенчана сопруга и ја повредил

Од:

Отсек за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против Џ.Р., полициски службеник во Полициската станица Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при вршење на семејно насилство“, казниво по член 130 став 2 од Кривичниот законик, извести МВР.

„На 29.1.2024 во Битола, Џ.Р. физички ја нападнал неговата невенчана сопруга и ѝ нанел телесна повреда. Исто така, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување на постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР и член 26 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците на МВР. Одделот за внатрешна контрола изрече и мерка за одземање на оружјето од пријавениот полициски службеник“, извести полицијата.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби