МВР: Поднесени 41 барање за азил и издадени 26.447 потврди

Од:

Уште 775 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил во Македонија се издадени во изминатите 24 часа.Од 19 јуни годинава до изутрината во осум часот вкупниот број издадени потврди достигна 26.447, а на барања за признавање право на  азил, врз основа на претходно издадена потврда 41, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Триесет и едно барање за азил се од државјани на Сирија, од кои 10 за деца, три од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак  од кои едно е за деца, како и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за вчера се евидентирани вкупно шест баратели на азил, сите мажи. Од вкупниот број баратели на азил кои се присутни во Прифатниот центар, не се евидентирани баратели на азил со повреди, бремени и малолетни лица без придружба на старател.

Црвениот крст вчера укажал прва помош на 91 лице, од кои 27 интервенции беа извршени во Табановце и 64 во Гевгелија. Ниту едно лице не било транспортирано до болница. За намалување на рранливоста на мигрантите се дистрибуирани 448 шишиња вода, 45 пакети со храна, 16 хигиенски пакети за мажи, 36 хигиенски пакети за жени, 32 пакети за самопомош, три пакети за бебе.

Би можело да ве интересира

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини