МВР поднесе кривична за директор од Делчево, им дозволил на вработените да возат нерегистрирани возила

Од:

Полицијата до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против С.С.(60) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“.

„Пријавениот, директор во ЈКП „Брегалница“-Делчево, во периодот од 31.7.2024 до 24.3.2025, иако знаел и бил должен да знае, во повеќе наврати дозволил вработени да управуваат службени моторни возила кои не биле технички исправни и не биле регистрирани. При извршени контроли, од полициски службеници од ОВР Делчево е констатирано дека возилата не биле регистрирани подолг период и биле издадени неколку прекршочни платни налози со вкупен износ од 50.909 денари, кој бил платен од пријавениот. На тој начин, С.С. нанел штета на јавното претпријатие за наведената сума од 50.909 денари“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он