МВР поднесе кривична пријава за бесправно градење пред ДТЦ Мавровка

Од:

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М. А. (34) поради постоење на основано сомневање дека пријавениот е сторител на кривично дело „бесправно градење” по чл.244-а од КЗ на објект бесправно изграден на булевар Гоце Делчев на платото пред ДТЦ Мавровка.

– Од страна на СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал во координација со ОЈО- Скопје беа преземени соодветни мерки и активности во насока на утврдување на постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кое што се гони по службена должност по чл.244-а „Бесправно градење” од КЗ и по целосно документирање на случајот денеска до ОЈО – Скопје е поднесена соодветна кривична пријава, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

Зелен хуман град: Зошто постои МВР?

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот