МВР: Одземени 18 мотоцикли, 25 мерки за пребрзо возење на подрачјето на СВР Штип

Од:

На подрачјето на СВР Штип, ноќеска во периодот од 21:00 до 01:00 часот, полициски службеници спроведоа акциска контрола со снимање со радар во ноќни услови на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа констатирани се 25 прекршоци по акциската контрола и 23 останати прекршоци. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции, соопштија од МВР.

– На 28/29.07.2021 во периодот од 20:00 до 02:00 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип спроведоа акциска контрола за прекршоци кои ги прават возачите на мотоцикли во сообраќајот. За време на акциската контрола констатирани биле 17 прекршоци. Притоа 7 возачи не користеле заштитна кацига, 3 возачи управувале без возачка дозвола, 3 нерегистрирани, 1 под дејство на алкохол и 3 останати прекршоци. Одземени се 3 мопеди согласно чл.344 од ЗБСП. Санкционирани се и 11 останати прекршоци, информираат од МВР.

Воедно, вчера во станица за технички преглед од 18 времено одземени мотоцикли, согласно чл.344 од ЗБСП, кај 10 мотоцикли е констатирана техничка неисправност во поглед на бучавата, а 8 биле со измината важност на регистрацијата.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он