МВР: Очигледни се резултатите од системот на кариера

Од:

Сосема логично е раководителите да направат проценка за персоналот кој им е неопходен за реализација на зацртаните проекти. За прв пат во историјата на МВР е воспоставен системот на кариера и резултатите се очигледни за мнозинството граѓани кои ја поддржуваат сегашната политика, наведува Министерството за внатрешни работи во реакцијата на прес-конференцијата на опозициската СДСМ.

– МВР за разлика од СДСМ работи согласно претходно изготвена програма и планови за кои владата добила поддршка од граѓаните на избори. Нивното остварување зависи и од персоналниот капацитет, така што сосема логично е раководителите да направат проценка за персоналот кој им е неопходен за реализација на зацртаните проекти. За прв пат во историјата на Министерството е воспоставен системот на кариера и резултатите се очигледни за мнозинството граѓани кои ја поддржуваат сегашната политика, се вели во соопштението.

СДСМ, посочуваат од МВР, во секое време може да изврши увид во програмата по која постапува Министерството и проектите кои ги подржаа граѓаните, а кои мора да се остварат во предвидените рокови.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби