МВР: Не е спорно ако сопственикот на „Дурмо турс“ преку друга своја фирма вршел технички преглед

Од:

За Министерството за внатрешни работи законски нема ништо спорно во тоа што сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, во исто време е сопственик на станица за технички преглед која ја испитувала исправноста на автобусите.

Според МВР, спорно би било доколку станица за технички преглед врши проверка на сопствените возила, односно ако тие се од иста фирма.

Ваквите одредби оставаат можност две различни фирми, но со ист сопственик, да можат да поседуваат возила преку едната фирма, а да им им вршат технички преглед на истите преку друга фирма.

„Согласно одредбите од Законот за возила, правното лице ‘АМЗ Гостивар’ не може да врши технички преглед на сопствените возила, но може да врши технички преглед на возила сопстевност на друго правно лице“, велат од МВР за „А1он“.

Во случајов, возилата се регистрирани како сопственост на туристичката агенција „Дурмо турс“, а фирмата „АМЗ Гостивар“, со ист газда, е задолжена за нивниот технички преглед.

Од МВР велат дека вршеле контрола врз станицата за технички преглед „АМЗ Гостивар“, а последниот бил во август минатата година. Тие не прецизираат дали утврдиле прекршување на законот при извшениот увид.

„Станицата за технички преглед на возила „АМЗ Гостивар“ – Гостивар е посебен правен субјект кој е овластен да врши технички преглед на возила и согласно добиеното овластување, имајќи ги предвид одредбите од законот, за секој извршен преглед на возило издава Потврда за техничка исправност на возило“, додаваат од МВР.

Согласно одредбите утврдени во член 81 од Законот за возила, МВР е надлежно да врши надзор и контрола над исполнетоста на условите за работа и над работата на Станиците за технички преглед на возила.

Директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини, претходно за „А1он“ изјави дека немаат ингеренции врз станиците за технички преглед.

„Во нашиот закон не е обработено дали еден газда може да има станица за технички преглед и истовремено да биде превозник. Кај нас во законот стои дека ние при контролите треба да утврдиме дали возилото е регистрирано и дали е извршен технички преглед. Такви документи при контролите утврдивме дека ‘Дурмо турс’ има. Станиците за технички преглед се обврска на Министерството за внатрешни работи“, рече тој.

Во меѓувреме, сè уште трае истрагата за причините за катастрофалната автобуска несреќа на автопатот Скопје – Тетово, каде што животот го загубија 14 лица. Засега се знае дека шоферот не бил под дејство на дрога или алкохол, а ќе се испитува дали тој евентуално зборувал на мобилен телефон додека возел.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

ЗНМ со поддршка кон колешката од МИА Ангела Рајчевска

Новинарка на МИА вербално нападната од обвинетиот Горан Дуковски во случајот „Ласкарци“

Само во судството на СДС и ДУИ првообвинетиот добива најмала, а шестообвинетиот најголема казна реагира ВМРО-ДПМНЕ

Обвинителот во „Ласкарци“ најави преиспитување на казните

Пресуда за „Ласкарци“: 14 години затвор за возачот на автобусот, сопственикот на „Дурмо Турс“ доби најблага казна од сите обвинети

Александар Тодески

Во Кривичен објава на пресудата за „Ласкарци“