МВР: Нападот пред ГРОМ е расчистен, доказниот материјал е испратен до ЈО

Од:

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека инцидентот пред штабот на политичката партија ГРОМ, што се случи во неделата вечерта, е целосно расчистен, документиран и испратен до Основното јавно обвинителство Скопје, кое треба да даде насоки за натамошно постапување.

Во врска со настанот што се случи во неделата (15.10) на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, пред штабот на политичката партија ГРОМ, каде што имаше пријава за нарушен јавен ред и мир, како што МВР претходно ја информираше јавноста, во Полициската станица Карпош беа повикани лицата С.Р (51) и Е.Ш (36) од Скопје, со кои што беше извршен разговор, се наведува во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски