МВР: Кривична за полицаец кој допирал по тело жена, oсомничен е за обљуба со злоупотреба на положбата

Од:

МВР до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против К.С. – полициски службеник во Полициската станица Бит Пазар поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „обљуба со злоупотреба на положбата“.

„На 31.7.2024 околу 22.30 часот на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје пријавениот вршел сообраќајна контрола и ја злоупотребил својата положба на тој начин што откако оштетената го запрела возилото на негов знак, ја отворил вратата од возилото и ја допирал по телото оштетената. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник К.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работно место се до завршување на дисциплинската постапка“, извести МВР.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена