МВР: Кривична за адвокат од Ресен, употребил полномошно од 94 – годишно лице кое било починато

Од:

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против С.Т.(60) од Ресен. Тој е осомничен за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „злоупотреба на исправа со невистинита содржина“.

Во текот на 2022 пријавениот, адвокат од Ресен, со свој потпис и печат оверил два договори за купопродажба на недвижен имот, кои ги употребил при солемнизација пред нотар во Тетово, а притоа се потпишал и во графата продавач, за што употребил полномошно со невистинита содржина од 94 – годишно лице, кое било починато пред повеќе од два месеци пред заверката.

Изготвените договори и полномошно ги искористил наведувајќи податоци од патна исправа, издадена од странска земја на име на починатиот. Исто така, договорот за купопродажба на недвижен имот од 14.07.2022, пријавениот го употребил за солемнизација на нотар и притоа навел податоци од патна исправа издадена од странска земја и употребил полномошно со невистинита содржина, а полномошник било починатото лице. Недвижниот имот, сопственост на наследникот на покојниот, пријавениот го оттуѓил на трето лице и се здобил со противправна имотна корист во износ од 2.273.965 денари, исплатени на негова сметка.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Две службенички од Основниот суд Куманово осомничени за злоупотреба на лични податоци и несовесно работење

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Кривична пријава за пет лица поради нелегална сеча и транспорт на дрва

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Поранешна директорка на битолската Клиничка болница осомничена за злоупотреба