МВР ќе издава лични карти и денеска и утре

Од:

Сите одделенија за управни работи на МВР ќе работат денеска и утре, со што граѓаните и во овие денови ќе можат да извадат лични карти.

Сите барања за издавње лична карта (оштетена, изгубена или украдена) по законски споведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

Како што соопшти МВР, барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно денеска до 16:30 часот.

Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до Одделенијата за управни работи.

Утре, на денот на изборите Одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти во периодот од 7 до 19 часот.

Би можело да ве интересира

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини