МВР ја расчисти кражбата во Општина Центар, осомничени три лица

Од:

СВР Скопје ја расчисти и документираше кражбата во Општина Центар, во која беа одземени два уреди за мрежно поврзување, шест кабли за поврзување на технички уреди и приклучок на прожектор за видео бим.

МВР денеска соопшти дека освен оваа кражба, работејќи со лицата расчистени се и поголем број на други имотни деликти за кои се сомничат А.К.(21), Д.О.(22) и Д.К.Р.(24), сите тројца родени во Германија.

Првоосомничениот се товари за сторени четири „тешки кражби“, од кои една на особено дрзок начин за што од страна на надлежен судија на претходна постапка му е изречена мерка притвор во времетраење од осум дена. Останатите двајца се осомничени за сторени две тешки кражби.

Во однос на првата кривична пријава, А.К., на 10.09.2013 околу 19.15 часот на ул.„Димитрије Чуповски“ спроти книжара на „Просветно дело“ со намера да се стекне со противправна имотна корист, кривичното дело го извршил на тој начин што ја пресретнал оштетената  која се движела по улицата, со раката ја стегнал во пределот на вратот и со  влечење успеал да  скине и одземе едно златно ланче со привезок срце, по што со трчање  се оддалечил.

За втората кривична пријава, пријавените на 09.09.2014 во 04,40 часот на ул.„Михаил Цоков“ поточно во бараките на општина Центар, со употреба на физичка сила и погоден предмет делувале на влезната врата на барака бр.6, со што ја отвориле и влегле внатре. На идентичен начин како што ја отвориле влезната врата од бараката, пријавените ја отвориле и вратата од салата, влегле и се обиделе да украдат еден прожектор, еден рекордер и два приклучни електрични кабли. Потоа преку ходникот дошле до шалтерското прозорче од писарницата и исто така со употреба на погоден предмет со насилно делување меѓу крилото и рамката од истото, го отвориле и со протнување влегле внатре.

Од писарницата пријавените дошле до кафематот кој се наоѓал  во ходникот,  насилно ги отвориле и ги  оштетиле двете врати и дел од деловите во внатрешноста, но од истиот не украле ништо.

Пријавените се упатиле и до соседната барака бр.7 во која се сместени просторииите на Државниот инспекторат за труд на град Скопје, каде со употреба на  погоден предмет и влечење, се обиделе да ја отворат влезната врата, притоа откорнале дел од дрвената лајсна ја оштетиле и бравата, но не успеале да ја отворат.

 Во  текот на извршување на делото, го виделе чуварот на општината и на бетонската патека ги оставиле украдените предмети (три монитори, компјутерско куќиште, рекордер и прожектор), а успеале да понесат со себе само два ИТ уреди, шест кабли за поврзување на технички уреди и џек за приклучок на прожектор за видео бим.

На 17.09.2014 во раните утрински часови, на ул.Аминта Трети во фирма за печатење со употреба на физичка сила и погоден предмет делувале на еден од прозорите, го отвориле и влегле внатре од каде одзеле: една камера, два лап-топ компјутери, приклучни кабли, полнач и кулер за лап-топ, но при излегување од објектот биле забележани од полициски службеници од Единицата-Алфа при што едно лице е приведено.

На 20.09.2014 пријавениот А.К., во раните утрински часови  на ул.,,11-ти Октомври“ бб поточно во просториите на Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во канцеларијата на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија со употреба на физичка сила и погоден предмет  делувал од задната страна со удирање и при тоа целосно избил два преградни лимови со што направил отвор низ кој се протнал и влегол внатре. Од таму одзел два комјутери со монитори, надворешен хард диск, безжичен телефон, два пара тренерки  и долни тренерки од македонска репрезентација. При излегување од објектот со одземените предмети тој бил забележан од полициските службеници од Единицата-Алфа и приведен во ПС-Центар каде го појаснил начинот на извршување на кривичното дело, а предметите се одземени и вратени.

По целосно документирање на случаите против осомничените ќе бидат поднесени кривичните пријави, а истите и претходно се пријавувани за дела од областа на имотните деликти.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он