МВР ја обвинува Арсовска за несериозност: Сообраќајот на раскрсниците во Скопје е надлежност на Градот

Од:

Од Министерството за внатрешни работи велат дека наместо да бара објаснување од МВР, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска треба да почне да си ја врши работата и доколку не знае, да научи кои се нејзините надлежности и надлежностите на службите на градот кој таа го управува.

Реакцијата на МВР доаѓа откако градоначалничката Данела Арсовска преку Фејсбук побара објаснување од МВР која е причината за предизвикување на денешниот сообраќаен хаос.

„Да се исклучат семафори без најава со часови за да се направи сообраќаен хаос е крајно несериозно. Сообраќајот е ист како и други денови и нема основа објаснувањето дека дождот е причината за денешната слика од улиците во Скопје каде со часови патуваа до своите домови“, напиша Арсовска на Фејсбук.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека тие иако не се надлежни за сообраќајот на крстосниците на подрачјето на Град Скопје, сепак го расчистиле метежот.

„Зачудува несериозноста на градоначалничката, која со невидена леснотија за проблеми кои се во нејзина надлежност се обидува вината да ја насочи кон МВР. Со цел да не дозволиме Арсовска да ја лаже јавноста и да бара алиби за своето незнаење во МВР, ја информираме јавноста дека според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата „Надлежен орган за управување и контрола на сообраќајот на крстосниците на подрачјето на град Скопје е град Скопје преку Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС)“.

Бидејќи службите на град Скопје не си ја завршија работата, односно не можеа да се справат со ситуацијата и беше создаден сообраќаен метеж во Скопје (на што објективно влијаеја и сообраќајната незгода кај ТЦ Мавровка и неколку полесни сообраќајни незгоди, но и зголемената употреба на возила од страна на граѓаните поради временските услови), а врз основа на член 5 од ЗБСП, СВР Скопје -Единица за безбедност на сообраќајот на патиштата – Одделение за безбедност на патниот сообраќај постапи со цел да се овозможи поголема проточност на сообраќајот, што и беше направено, односно метежот беше расчистен“, се наведува во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична за полициски началник, со службен пиштол удирал маж по глава

Полициска акција: специјалци апсат во скопски Аеродром

Катерина Ѓуровски

Дудуш: Данела нека внимава со какви спектакуларни бројки и изјави се појавува во јавност

Горан Наумовски

Телефонски измами: МВР апелира да не се даваат лозинки и лични податоци

Арсовска со подароци кај првороденото бебе во 2025 година

Катерина Ѓуровски

Кривични за 12 македонски државјани и 1 странец за криумчарење луксузни возила, фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба

А1он