МВР: Издадени решенија за изолација на 101 лице, 40 потпишале изјава за самоизолација

Од:

Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие (вчера и денеска) на територијата на државата на 101 лица им се издадени решенија за изолација, а 40 лица потпишале изјава за самоизолација.

Како што соопшти Министерството, од страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека едно лице што било во изолација не е затекнато во својот дом.

– По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 89 лица не ја почитувале забраната за движење, од нив осум се малолетници, приведени се 38 лица, а за останатите лица се изготвени записници, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа