МВР издаде нови 321 потврди за искажана намера за поднесување барање за азил

Од:

Министерството за внатрешни работи вчера врз основа на измените и дополнувањето на Законот за азил, издаде 321 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегле на нашата територија.

Во периодот од 19.06.2015 до 28.07.2015 година во 08,00 часот, соопшти денеска МВР, издадени се потврди на вкупно 20.926 странски државјани, од кои, 15.236 се од машки пол, 2.775 се од женски, 2.723 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 192 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија и тоа 15.534, потоа од Авганистан 1.585, од Ирак 1.194, Пакистан 676, Сомалија 456, од Палестина 400, Конго 277, од Камерун 124, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 28.07.2015 година до Одделението за азил се поднесени 41 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 31 барања се од државјани на Сирија за азил од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 28.07.2015 година се евидентирани вкупно 20 баратели на азил, од кои 11 баратели на азил се мажи, 2 баратели на азил се жени и 7 баратели на азил се малолетни лица.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски