А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МВР го поздравува повикот на полицискиот синдикат за правична и непристрасна истрага за настаните во Собранието

by А1он20/05/2017 - 17:15178
Share0

„Министерството за внатрешни работи на Република Македонија го поздравува повикот на Македонскиот полициски синдикат за правично и непристрасно утврдување на фактите во врска со настаните што се случија во Собранието на Република Македонија на 27.04.2017 година. Министерството високо ги цени ваквите сугестии и потенцира дека секогаш било и ќе биде на страната на правдата и почитувањето на законските прописи.

Добивај вести на вибер

Меѓутоа, министерот д-р Агим Нухиу и останатите одговорни лица во Министерството немаат намера да се мешаат во работата на Одделот за внатрешна контрола и Работната група која ги истражува настаните од 27 минатиот месец во Собранието. Доследно ќе се почитува нивната автономија и професионалност во донесувањето одлуки. Согласно тоа, Министерството за внатрешни работи верува дека Одделот за внатрешна контрола ќе донесе правно издржани одлуки во врска со сите поединечни случаи. Министерството го информира Синдикатот и јавноста дека поведување дициплинска постапка и времено отстранување од работното место не значи автоматски престанок на работниот однос.

Министерството за внатрешни работи упатува повик до претседателот и одговорните во Македонскиот полициски синдикат за средба во кабинетот на министерот во време кое нив им одговара. Само на тој начин, со заедничко партнерско делување, ќе можеме да придонесеме во решавање на овој и на сите други проблеми што ги засегаат членовите на синдикатот и сите вработени во Министерството“ се вели во соопштението на МВР.

mvrsobranie

Би можело да ве интересира

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он18/02/2026 - 16:05

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 07:56

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:20

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он14/02/2026 - 19:25

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Катерина Ѓуровски13/02/2026 - 16:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен