МВР ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за криење на случувањата во Шуто Оризари

Од:

Министерството за внатрешни работи во целост ги отфрла дезинформациите и лагите пласирани од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за наводно криење на случувањата во Шуто Оризари на 28 јануари, соопшти МВР.

„Напротив, МВР во соработка со јавното обвинителство експресно го расчисти случајот, а за сето тоа транспарентно ја информираше јавноста со соопштенија и прес-конференција. Поднесени се кривични пријави до надлежните обвинителства за седум лица и тие ќе одговараат за тоа што го сториле. Полицијата сега работи транспарентно, професионално и ефикасно, за разлика од периодот кога со министерството раководеше кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Полицијата ја гарантира безбедноста на граѓаните, а високата доверба на граѓаните кон полицијата е видлива на анкетите кои се презентираат во јавноста“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ