МВР бара казни за полицајците кои правеа журка во Кратово

Од:

Седумтте полицајци од Кратово и еден од Скопје кои правеа журка со гласна музика во селото Куклица, заработија кривични пријави, дознава „А1он“. СВР Куманово предложило до Обвинителството да покрене постапка и против две други лица кои не се вработени во МВР, а биле на забавата.

Сите се товарат дека не ги почитувале здравствените прописи во време на епидемија, а со тоа, сториле прекршок по член 206 од Кривичниот законик, дело за кое е пропишана парична или затворска казна до една година. Полицајците кои биле на журката работеле во полициската станица во Кратово. Станува збор за вработени во МВР на возраст од 23 до 53 години. Највозрасниот присутен на забавата имал 75 години.

Од МВР не одговорија на нашите прашања дали Одделот за внатрешна контрола ќе поведе и дисциплинска постапка против вработените.

Присутните на журката беа пријавени од жители на селото на кои им пречела бучавата и кои биле револтирани што постојано се повторува дека МВР нема кадар за да се спроведуваат мерките против коронавирусот, а од друга страна, полицајците сами ги кршат мерките и прават журки.

Инаку, при обид за нивно легитимирање и приведување, тие даваа отпор, по што, беше ангажирана и Единицата за брзо распоредување.

Полицајците и цивилните лица со лисици беа однесени во надлежната полициска станица.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он