ВИДЕО: Снимка од апсењето на полицајците кои правеа журка

Од:

Уапсените полицајци во кратовското село Куклица кои правеле забава, не ги почитувале мерките за заштита од коронавирусот, констатираат од МВР. Оттаму за „А1он“ велат дека за санкционирање на нивното однесување, покрај Обвинителството, ќе учествуваат и инспектори од МВР, заедно со Внатрешната контрола.

Полицајците биле затекнати околу 21 часот на приватен имот во селото, откако било пријавено дека се прави забава. Дел од нив, во изминатиот период биле задолжени да ги спроведуваат мерките за заштита од коронавирусот, односно да казнуваат за нивно непочитување.

„Веднаш се преземени мерки и известен е Јавен обвинител, по чии насоки на местото излегле полициски службеници и на приватен имот во с.Куклица биле затекнати осум лица, од кои седум полициски службеници, кои не биле на должност и кои биле лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 206 од кривичниот законик. Од страна на Одделот за внатрешна контрола при МВР и инспектори од соодветните организациони единици се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР од „А1он“.

Инаку, „А1он“ веќе објави дека во акцијата била вклучена и Единицата за брзо распоредување, откако, уапсените полицајци давале отпор и не соработувале со припадниците на МВР кои постапувале по пријавата.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он