МВР: 218 санкционирани возачи во Скопје, 53 возеле во алкохолизирана состојба

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот вчера на територијата на град Скопје изрече се вкупно 218 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 53, потоа 22 санкции за возење без возачка дозвола и 20 за возење повеќе од дозволената брзина.

-Изречени се 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 санкции за некористење сигурносен појас, 11 мерки за возач почетник, девет за користење мобилен телефон, информираат од МВР.

Оттаму најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитувааат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.

Би можело да ве интересира

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје