Изречени се 184 сообраќајни прекршоци при засилени акциски контроли во сообраќајот што ги спровела вчера полицијата.
Од вкупниот број санкции 39 се за пречекорување на дозволената брзина, 27 за возење без возачка дозвола, шест за возење под дејство на алкохол, десет за технички неисправни и нерегистрирани возила, соопшти МВР.
Изречени се и девет мерки за користење мобилен телефон, четири за некористење сигурносен појас, осум прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, како и 50 за непрописно паркирање.
-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачува МВР.