МВР: 18 санкции за возење под дејство на алкохол во Куманово

Од:

Полицијата ноќеска во Куманово при контрола на сообраќајот санкционирала 18 лица кои возеле под дејство на алкохол.

-Во текот на ноќеска во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Куманово, при што санкционирани се 18 возачи, информираат денеска од МВР.

Од Министерството најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Би можело да ве интересира

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози