Музика, бои и стихови на слободата во Струмица

Од:

Караванот на слободата пристигнува во Струмица со голем мултимедијален настан денеска. Во Градскиот парк, кај Споменикот на револуцијата, со почеток во 15 часот ќе се одржат работилници на познати визуелни уметници, како и работилници за граѓанско новинарство, поетски перформанси и голем концерт до нешто пред полноќ.

Мугер Фугер, Сетстат и Вајп Аут се бендовите кои ќе пеат и свират со звуците на слободата, додека своите стихови и пораки ќе ги испрати Ѓорѓи Калајџиев, поет, новинар и водител. Покрај него, ќе настапат и поетите Митко Гогов и Наташа Василеска – Трајческа. Со диџејски сетови ќе настапи Тед Детман, како и дел од екипата на ЦИВИЛ Арт.

Уметничката работилница ќе ја предводи академскиот слика Мирослав Стојановиќ.

Во 18.30 часот ќе се одржи панел дискусијата „Македонија со или без слобода“ на која ќе модератор ќе биде Синиша Станковиќ, а учесници се проф. Мирјана Најчевска, Ѓорѓи Калајџиев и Ленче Христовска.

На сцената ќе говорат претставници на ЦИВИЛ и на граѓанското општество од Струмица.
На мултимедијалниот настан во Струмица ќе се собира и хуманитарна помош за настраданите од поплавите во скопско.

Караванот на слободата на ЦИВИЛ ќе опфати над 30 општини во Република Македонија, со 9 големи мултимедијални настани во 7 поголеми градови во Македонија.

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски