Со класична музика адаптирана за деца групата Триангл на Десанка Глигоријевиќ ќе ја одржи претставата Дете Ирвасче пред децата од СОС Детско село во насебата Ченто.
Групата е составена од пет професионални дипломирани и магистрирани музичари, кои успешно работат во образовниот процес на децата со специфичен пристап преку интерактини, музичко-драмски претстави во кои преовладува класичната музика адаптирана на деца.
Децата од СОС Детско село, покрај претставата ќе добијат и 120 новогодишни пакетчиња од Капитал Банка како и подршка од компанијата Оџаци.