Музејот на македонската борба ја одбележа петгодишнината од постоењето

Од:

Музејот на македонската борба за државност и самостојност денеска одбележа пет години од постоењето. Музејот е проект на Владата на Република Македонија и е отворен на 8 септември 2011 година по повод 20-годишнината од независноста на Македонија. Првично во него работеле девет лица, а во моментов заедно со подружницата „Порта Македонија“ има 36 вработени.

– Се формиравме и надградувавме не во од, туку во трк. Музејот во изминатите пет години разви различни програми и проекти што донесе резултати и соработка  со голем број установи, невладини организации и поединци. Го посетија над 200 илјади гости од преку 80 држави од целиот свет, но и многубројни високи државни делегации, рече директорот на Музејот Бранислав Светозаревиќ во поздравниот говор.

Тој посочи дека во Порта Македонија се организираат од 150 до 200 комерцијални и некомерцијални настани од кои 25 до 30 се во организација на Музејот или во коорганизација со други институции.
– Нашата установа стана неизбежна дестинација  за посета на културни настани, едукација, дружење, забава…. Работата со хендикипираните и инвалидизираните лица е посебно поглавје од нашата работа. Од нив најмногу учевме и за работата и за животот, рече Светозаревиќ и се заблагодари на пријателите на музејот кои донирале вредни експонати.

Посочи дека во изминатиот период е развиена плодна соработка со сродните институции во земјава, но и со универзитетите.

Би можело да ве интересира

Кои се најпознатите грабежи на музеи во последните 50 години?

А1он

Книги од семејната библиотека на композиторот Кирил Македонски подарени на НУ Завод и Музеј-Битола

А1он

Разрешен директорот на струмичкиот Завод и Музеј

А1он

Промовирани веб страница и материјали за струшкиот Музеј „Др Никола Незлобински“

Наум Локоски

Природонаучен музеј на Македонија отвора подружница во Стар Дојран

Ана Ололовска

Музејска поставка „100 години од Првата светска војна“

Ана Ололовска