Муса Џафери се сретна со катарскиот вицепремиер Ал Махмуд

Од:

Вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери, кој престојува во официјалната посета на Катар, денеска во Доха се сретна со катарскиот вицепремиер, Ахмед бин Абдулах бин Заид Ал Махмуд.

Двајцата вицепремиери, како што соопшти Кабинетот на Џафери, разговарале за соработката меѓу Македонија и Катар, со посебен акцент за интензивирање на економската соработка и привлекување на инвестиции од Катарската држава во нашата земја.

Вицепремиерот Џафери ја поздравил одлуката за отварање на катарската амбасада во Скопје, истакнувајќи дека ова е чекор напред кон продлабочување на собаротката меѓу двете земји во сите сфери и оти ова се докажува и со потпишувањето на неколку билатерални договори.
Џафери во оваа пригода на Ал Махмуд му го претставил проектот за изградба на библиотеката во Државниот универзитет во Тетово, за чија изградба подготвеност за помош изразиле власите во Доха.

Политиката на Катар, како што истакнал вицепремиер Ал Махмуд, е да се поддржува развојот на образованието и науката и надвор од Катар и дека помошта или покажаниот интерес за реализација на овој проект сериозно ќе биде разгледан.

На средбата двајцата соговорници размениле мислења и за состојбата во регионов и светов, при што Џафери истакнал дека Македонија останува на патот кон зачленување во европското семејство и НАТО.

Џафери во Доха бил примен и од премиерот на Катар, Амад бин Џасим бин Џабер ал Тани. На средбата било разговарано за односите меѓу двете земји и притоа била истакната подготвеноста за интензивирање на соработката на сите полиња.

Македонскиот вицепремиер во текот на денешниот ден остварил средба и со државниот министер за надворешни работи, Калит бин Мухамед Алатија, а ја посетил и компанијата „Катар Аирвајс“. На средбата, директорот на оваа компанија Акбар Ал-Бакер ги претставил плановите за развој на неговата компанија, информирајќи го вицепремиерот Џафери дека кон почетокот на идната година ќе биде воспоставена редовната воздушна линија Доха-Скопје.

Би можело да ве интересира

МНР: Сиљановска Давкова да внимава на политичкиот дијалог со Грција

Орце Костов

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов