Мукоски: Законите предложени од СДСМ се популистички и лицемерни

Од:

Пратеникот Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека пратениците од СДСМ деновиве поднеле целосно неиздржани закони кои се лицемерни и целосно популистички со цел да се добие глас повеќе од граѓаните.

– СДСМ како политичка партија нема кредибилитет, нема ниту морално ниту етичко право да зборува за правата на работниците. Сите добро се сеќаваме дека за време на нивната мафијашка транзиција оставија на улица над 250 000 илјади работници и затворија над 650 компании во Република Македонија, рече Мукоски.

Потсети дека првпат во 2012 година ВМРО-ДПМНЕ и оваа Влада донесоа Закон за минимална плата. Решение, кое според Мукоски, е системско и треба во годините што доаѓаат пред нас да се надградува. ВМРО-ДПМНЕ, посочи тој, со своите политики се бори за правата на сите работници преку реализација на своите програми. Отворени се десетици и стотици нови фабрики, а бројот на работните места е зголемен. – Од 2006 година до денес во Република Македонија зголемен е бројот на вработени од над 125.000 вработени, додаде Мукоски.

Стапката на невработеност е намалена на 28 проценти од 37,3 проценти, зголемена е просечната плата на 21,861 денар наспроти 12,597 денари во времето на СДСМ, зголемена е просечната пензија на 13,085 денари наспроти 7.684 денари, зголемени се субвенциите од земјоделството од пет милиони евра на над 750 милиони евра во 2015 година, потсети пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Поскапува парното, со арамијата Мицкоски животот на граѓаните е претворен во преживување

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поповиќ: Под притисок на власта Уставен суд го укина колективниот договор – преседан против 2.000 работници во култура

СДСМ бара Гаши веднаш да свика итна седница за насилствата врз жените

Горан Наумовски

СДСМ: Како буџетот е предизвик за Мицкоски кога сме трета економија во Европа?

Мицевски: Од Венециската комисија очекуваме стручно, независно и објективно мислење за измените на Законот за правосудниот испит

Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје, објави СДСМ

Катерина Ѓуровски