Мукоски штрајкува со глад во истражниот затвор

Од:

Пратеникот Крсто Мукоски кому вчера кривичниот суд во Скопје му изрече 30-дневен притвор, денеска почнал штрајк со глад. Како што дознаваме, тој уште од изутрината одбивал да ја земе затворската храна во Истражниот затвор Скопје. За случајот е известена затворската управа по што веднаш медицинско лице му извршило преглед и било констатирано дека засега е во добра здравствена состојба.

Неговиот адвокат Игор Кичеец поднесе жалба до Кривичниот совет против притворот кој што вчера му беше изречен, заедно со уште двајца пратеници поради учество во инцидентите во Собранието на 27 април годинава.

Претходно со глад штрајкуваше и поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, кому судот исто така му изрече мерка притвор за „крвавиот четврток“. Чавков доби 30-дневен притвор на барање на Јавното обвинителство кое го товари него и уште 35 лица за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Како што дознаваме од затворски извори, тој некогаш ја земал, а некогаш ја одбивал храната во затворот изминативе денови.

Би можело да ве интересира

Мукоски, Арнаудов, Василевски, Тарчуловски и Димовски си изгласаа амнестија

Наум Локоски

Кацарска им се закани на Мукоски, Арнаудов и Василевски со нов притвор

Наум Локоски

Адвокатот на Мукоски: Притвор е определен по сите три основи, но ниту еден од нив не е аргументиран

Наум Локоски

ВИДЕО: Мукоски со полиција донесен во Кривичниот суд

Наум Локоски

Мукоски до мнозинството: На 27 април го срушивте уставот, од тоа нема да избегате

Наум Локоски

Мукоски зеде збор, мнозинството ја напушти седницата

А1он