А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Мукоски: Добивме потврда дека нашите амандмани ќе бидат прифатени

by А1он01/11/2018 - 20:0501/11/2018 - 21:07214
Share0

По средбата меѓу премиерот Зоран Заев и осумте пратеници од новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, пратеникот Крсто Мукоски посочи дека разговарале за четири амандамни и дека добиле потврда оти ќе им бидат прифатени.

Добивај вести на вибер

– Постојат два начини или тие да бидат инкорпорирани во амандманите што ќе ги достави Владата до Собранието или, пак, во напредната фаза да се поднесуваат како наши амандмани на амандманите од Владата. За тоа вечерва дополнително ќе одлучиме, но како било и да е, битно е што Владата имаше слух и сенс за нашите барања, а ние со тоа сме убедени дека ќе направиме дополнителна заштита во зацврстување и зачувување на македонскиот идентитет, на македонското културно-историско наследство и на македонскиот јазик, изјави Мукоски.

Нагласи дека на вечерашната средба генерално го усогласиле и текстот на амандманите коишто ќе бидат инкорпирани во Уставот.

-Добивме уште една согласност од страна на премиерот дека имаат разбирање за нашите амандмани и дека тие ќе бидат прифатени. Се надеваме дека во текот на утрешниот ден рано, бидејќи Владата утре има состанок, а после тоа треба да го достави документот до Собранието, новата пратеничка група ќе излезе со текстот на амандманите коишто ќе бидат прифатени од страна на Владата. Добивме потврда дека ќе ги прифатат амандманите. Сега разговаравме дали Владата ќе ги инкорпорира на утрешната седница нашите барања, кои ќе ги артикулираме пред одржување на седницата пред јавноста или, пак, ние да доставиме дополнително амандмани на амандманите да ги достави Владата во Собранието. За тоа ќе одлучиме дополнително во текот на вечерта и во текот на утрешниот ден ќе излеземе во јавноста, рече Мукоски.

Појасни дека првиот од аманданите се однесува на дополнително зацврстување и зачувување на македонскиот идентитет, на македонското културно-историско наследство и на македонскиот јазик. Вториот амандман се однесува на обезбедување на гаранции за спроведување на целиот договор, односно евентуална можна ништовност или не стапување на сила на договорот доколку другата страна не го ратификува во својот Парлемент и не ги ратификува документите коишто обезбедуваат влез во НАТО. Третиот амаднман се однесува на внатрешната употреба на новото име, одосно се предлага сукцесивна примена на новото име со отворање и затворање на поглавјата за влез во ЕУ.

-Разговаравме и за нашата четврта точка, телото или комисијата која што ќе работи на внатрешно помирување, меѓупартиско помирување и би рекол меѓуграѓанско и човечко во општеството треба да започне ефективно да работи од понеделник. Договорено е колку членови ќе има тоа тело, кои се ќе партиципираат во тоа тело, и од понеделник кога ќе почне со конкретна работа тоа тело, како што ќе се разработуваат темите во тоа тело така благовремено ќе добивате информација, рече Мукоски.

Прашан дали и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржат договорот, Мукоски рече дека се добредојдени сите пратеници што сакаат даго поддржат договорот.

– Не го знам конкретнот став на ВМРО-ДПМНЕ, нашата матична партија, меѓутоа би било добро да учествуваат и тие бидејќи сега нашата идеја е да направиме едно колективно помирување помеѓу сите партии, помеѓу сите етнички заедници, помеѓу различните вери, националности итн. Се надевам дека тоа тело ќе успее во својата работа и дека конечно такво едно тело и неговите придобивки од работењето ќе бидат во корист на целото општество. Дали тоа ќе биде така или не, ќе видиме. Меѓутоа, ние сме убедени дека тоа тело ќе вроди со успех дополнително што и од страна на владејачкото мнозинство без разлика дали тоа доаѓа од СДСМ или ДУИ или коалиционите партнери сме охрабрени дека и тие се заинтересирани да партиципираат и дадат активно учество во ова тело.

dpmneustav

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски17/12/2025 - 14:2717/12/2025 - 14:45

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

Катерина Ѓуровски16/12/2025 - 13:06

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 11:4307/12/2025 - 17:40

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 10:50

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски01/12/2025 - 12:2901/12/2025 - 12:29

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

Катерина Ѓуровски29/11/2025 - 10:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен