Муижниекс: Македонските власти треба да спроведат политики што поттикнуваат интеграција

Од:

Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Муижниекс, денеска на прес-конференција истакна дека македонските власти треба да спроведат политики што поттикнуваат интеграција и разбирање меѓу етничките заедници и да промовираат социјална кохезија, истовремено штитејќи ја разновидноста.

Муижниекс, кој е во петдневна посета на Македонија, кажа дека Охридскиот рамковен договор ставил крај на конфликтот во 2001 година и довел до промени во одредени области како правичната застапеност на заедниците, децентрализацијата и употребата на јазиците, но оти сепак социјална кохезија не е постигната.

– Македонското општество останува длабоко поделено по етнички и јазични основи и крајно време е политичките лидери да осмислат стратегија за интеграција за надминување на овие поделби, смета комесарот за човекови права.

Би можело да ве интересира

Совет на Европа: Опсерваторија за учење историја за промовирање на нијансирано разбирање и критичко читање на минатото

А1он

Совет на Европа: Бугарија и лани била нетолерантна кон етничките Македонци во земјата

Жарко Настоски

Комесарот за човекови права на Советот на Европа за положбата на непризнатото македонско малцинство во Бугарија

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Советот на Европа ги признава Македонците во Бугарија, а Заев ги избриша

Ана Ололовска

Советот на Европа потврди дека е побарано мислење за Законот за употребата на јазиците

Ана Ололовска

Состојбата во македонските затвори во најновиот извештај на Советот на Европа

Ана Ололовска