Муцунски во пресрет на утрешниот верски празник: Правиме мали работи, но со многу љубов и искреност

Од:

Во пресрет на еден од најголемите верски празници, продолжува поддршката која Општина Аеродром ја дава за народната кујна која функционира во рамки на црквата Св. Никола во Аеродром. Станува збор за хуманитарна организација поддржана од страна на Општина Аеродром која на дневна основа обезбедува околу 100-тина оброци.

Честитајќи го утрешниот празник Богојавление – Водици, градоначалникот Тимчо Муцунски истакна дека преку донација на прехранбени производи продолжуваат активностите за поддршка на народната кујна.

„Во пресрет на еден од најголемите празници Богојавление – Водици, правиме мали работи, но со многу љубов и искреност. Честитајќи го утрешниот празник, посакувам здравје и љубов. Моја искрена желба е во духот на религијата – поддршката, меѓусебната помош и хуманоста да станат наша секојдневна навика“, напиша Муцунски во својата Фејсбук објава.

Поддршката за ваквите иницијативи и конкретно за народната кујна во Аеродром е уште потврда за грижата и решеноста на Општина Аеродром да биде сериозна поткрепа на оние кои имаат потреба од тоа.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Муцунски: Да ја засилиме економската соработка со Словачка

(ФОТО) Левица: Учениците во училници без парно, градоначалникот Митевски си тера фотосесии

А1он

Муцунски со поддршка за нападот на САД, со фалби за Трамп и Рубио

Муцунски: Сакаме да постигнеме достоинствено и соодветно решение со нашиот сосед Бугарија

Горан Наумовски